(ВИДЕО) Продолжува палестинско-израелското насилство

Тројца Израелци и тринаесет Палестинци, меѓу кои бремена жена и нејзината внука се убиени и уште тројца Израелци се ранети досега, откако во петокот се зголемија тензиите по судирите на границата меѓу Појасот Газа и Израел, пренесува во неделата весникот Haaretz.

Весникот притоа, повикувајќи се на израелската војска, објави дека во одмаздничките напади врз палестинската енклава една од целите кои биле „елиминирани“ бил „клучен оперативец“ на исламистичкото движење Хамас. Станува збор за лице кои според израелската страна пренесувало пари од Иран за милитнатните групи во Газа.

Ракета истрелана од палестинската енклава Појасот Газа убила израелски цивил, а двајца палестинскина паѓачи се загинати во израелското воздушно бомбардирање во неделата, на третиот ден од најновото палестинско-израелско насилство.

На југот од Израел, во близина на границата со Газа, се огласувале сирените за узбуна од воздушен напад, и Израелците целата измината ноќ трчале кон засолништата, додека пресретнувачките проектилио ги гаѓале ракетите на небото. Израелската полиција соопшти дека еден од проектилите истрелани од палестинските милитанти погодил куќа во Ашкелон и уби маж.

Израелското бомбардирање на Газа, исто така, ги натера Палестинците во засолништата. Милитантната палестинска групација Исламски џихад соопшти дека двајца нејзини припадници се убиени во израелски напад во мугрите.

Посредниците на Обединетите нации и на Египет, кои имаат заслуги за постигнувањето примирје во претходните бранови на насилство, соопштија дека вложуваат напори за спречување на натамошно разгорувње на насилствата.

Последното насилство избувна во петокот кога снајперист на палестинскиот Исламски џихад пукал врз израелски војници и притоа ранил двајца, според израелската војска. Израел одговори со водушен удар во кој се убиени двајца милитанти на исламситичкото палестинско движње Хамас, кое речиси цела деценија ја контролира Газа. Уште двајца Палестинци, кои протестирале недалеку од границата, се убиени истиот ден, соопшти министерството за здравство во палестинската енклава.

Хамас и Исламски џихад од саботата утрото истрелале повеќе од 450 ракети врз израелските села и градови на југот од земјата, соопшти војската. Израел одговори со тенковски гранатирања и водушни удари вр околу 260 цели во Газа.