ВИДЕО: Професор се соблече по гаќи за да ги инспирира студентите

Професорот по менаџмент, Лан Ламонд од Метрополитан универзитетот во Лидс се соблече по гаќи за да ги импресионира студентите.

Тој при предавањето ги соблекол кошулата и панталоните, а потоа во гаќи зборува за продажба на производи на клиентите.

– Навистина не знам што се случува овде и зошто мојот професор е во гаќи, напишал на Твитер еден од студентите.

Дабиде се поинтересно подоцна Ламонд започнал да се бричи.

Дали овој начин на преавање вродил со резултат не знаеме, но познато е дека професорот се уште предава на Универзитетот и дека е спроведена истрага за неговиот стриптиз.