14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Пронајдена и третата жртва во пустошењето на ураганот ,,Јанос” во Грција

Ураганот Јанос, што ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, соопштија денеска властите.

Жртвата е постар човек од Кастанија, кој починал кога покривот од куќата што го однесе ураганот паднал врз него, пренесува порталот Катимерини.

Ураганот вчера го погоди централниот дел на Грција и ги однесе првите жртви.

Двете жртви беа потврдени вчера – две жени од Фарсала и Кардица, додека две лица се водеа како исчезнати.

Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници се поплавени.

https://www.youtube.com/watch?v=V9cYuUZR1mc&feature=emb_logo

Во општината Паламас, нивото на водата во градовите Влахос и Метаморфоди е на критично ниво, а исто така е критично и во областа Калогријан, која што е поплавена.

Како што се наведува, ураганот ќе влијае и на економијата во таа област, бидејќи земјоделците немаа време за берба и ќе останат без производи.

Ураганот Јанос го погоди западниот брег на Грција во петокот, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а вчера стигна до централниот дел на земјата.