ВИДЕО: Пронајдени уште три жртви во потонатиот ферибот

Јужнокорејските нуркачи денеска низ прозорецот на една кабина здогледале како лебдат три тела во траектот кој пред три дена потона со повеќе од 470 луѓе, но не успеале сите да ги извлечат. Засега вкупниот биланс на жртвите се искачи на 32.

Спасувачите се во потрага по повеќе од 200 исчезнати од кои повеќето се средношколци. Три членови од екипажот се уапсени.
Во меѓувреме гневните роднини на исчезнатите барале од власта веднаш да го извлечат бродот од водата, додека шансите за пронаоѓање на преживеани се намалуваат.

На родители и останатите членови од семејствата денес за првпат им биле прикажани видео снимките од потонатиот брод. На нив не можеле да се видат телата, пренесува Ројтерс.

Од вкупно 273 исчезнати лица, повеќето се деца од средното училиште во предградието Сеул.

Три крана се донесени до местото каде што се одвива спасувачката операција, но се’ уште не се ангажирани во операцијата.

Потпаролот на крајбрежната стража Ким Јае-ин изјавил дека крановите ќе се употребат кога нуркачите ќе кажат дека е безбедно за тоа.

Причината за превртувањето на бродот се’ уште не е утврдена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.