(ВИДЕО) Протест на земјоделците од прилепско

Земјоделците од прилепскиот крај денеска протестираат.

Протестот е кај бензинската пумпа „Лукоил“ – Прилеп, односно на влезот од градот. Организаторите на протестот имата повеќе барањ за кои тврдат дека претходно ги доставиле до МЗШВ и Владата, но бидејќи не добиле одговор, решиле да излезат на улица.

Нивните барања се следни:

  1. Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде во литар по единица површина.
    Важноста на мерката да почне веднаш.
  2. Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на трошоците за живот и процентуалното зголемување на минималната плата и нивна исплата пред почетокот на секоја производна сезона.
  3. Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои се користат во земјоделството.
  4. Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
  5. Ослободување од концесија на државно земјиште, пашарина, наводнување и одводнување за 2022 година.
  6. Изготвување на анализи за производна цена на секој земјоделски производ како и гаранција од државата за минимална заработка на производителите од најмалку 30% од производната цена на производите како и гарантирање на исплатата од страна на трговците (банкарска гаранција)
  7. Покрај традиционалните, ИТНО изнаоѓање на алтернативни пазари за сите земјоделски култури.