ВИДЕО| Протести во Индија и нови жртви по убиствата на локални жители

Гневните селани протестираа во неделата и нападнаа воен камп на североистокот од Индија откако војниците убиле повеќе од десет лица во текот на неуспешна операција против локалните бунтовници, пренесуваат медиумите.

Главниот министер на сојузната држава Нагаланд, Неипиу Рио, наредил истрага на високо ниво во врска со убиствата, кои се одриграле во саботата вечерта во зафрлениот округ Мон, кој граничи со Мјанмар.

„Несреќниот инциден во кој се убиени цивили во селото Отинг заслужува силан осуда“, напиша Рион на Twitter.

Откако примиле разизнавачки информации за можно движење на бунтовници, безбедносните сили псотавиле засега во округот. За жал, отвориле оган врз камионет во кој се наоѓале руради за кои сметале дека се припадници на локална милитантна групација. Индиските медиуми пренесуваат, повикувајќи се на локалните челници, дека убиени се најмалку шест рудари.

Разјарените жителит се собрале и запалиле две воени возила, напаѓајќи ги војниците. Индиската телевизиска мрежа NDTV извести дека се убиени уште седум цивили кога војската отворила оган врз нив во „самоодбрана“. Покрај локалните жители во нападот е убиен и еден војник. Според телевизијата, станува збор за вкуно 15 жртви на двете страни.

Ситуацијата била тензична и во неделата, а во повторното насилство во вечерните часови приајвени се уште две жртви, откако околу 200 жители го нападнале воениот камп „Ассам Рифлес“ во Мон, пренесува локалниот портал Northeast Now. Исто така, во последниот напад биле ранети уште неколку лица.

Смртните случаи сѐ уште не се официјално потврдени, бидејќи полицијата сѐ уште се нема огласено по развојот на настаните. Во изврштајот се наведува дека бесните жители го запалиле воениот камп, што ги приднудило воените сили да отворат оган кон нив.

Поворки со свеќи и бдеења за жртвите се одржуваат и во другите градови во оваа сојузна држава. Во обидот да се спречат натамошни насилства, државните власти најавија полициски час во Монун на недоредено време, а на неодредено време ги исклучија и телекомунакциските услуги и мобилниот интернет во округот, известија локалните функционери.

Претходно во неделата, индискиот сојузен министер за внатрешни работи Амит Шах изрази сочувство и рече дека сојузен специјален тим за истраги „темелно ќе го испита целиот инцидент да да се осигури правдата за ужалените семејства“.

„Специфичната операција беше планирана врз основа на веродостојни разузнавачки податоци за веројатно движење на бунтовниците… Длабоко жалиле поради инциденот и неговите последици. Причина за несреќното губење на животите се истражува на највисоко ниво и ќе бидат преземени соодветни мерки во согласност со законот“, соошти индиската армија.

Областа на округот Мон е упориште на националсоцијалистичиот совет на Нагаланд (Капланг), на милитантната група Нага. Бунтовниците често преминуваат во Мјанмар откако ќе изведат напади во округот. Повеќе од 15.000 луѓе се убиени од почетокот на 2000-те во североисточните шумските региони на Индија, каде што дејствуваат неколку групи сепаратисти, екстемни левичарски и бинтовнички племенски групации.