(ВИДЕО) Протестите во Барселона излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на вчерашните протести е забележано најголемо насилство во изминатите години.

Мирните протести излегоа од контрола кога радикални сепаратисти попчнале да палат автомобили и столици во кафулињата во монденската улица Рамбла де Каталунија во срцето на градот.

Полицијата се обидела да ги одвои демонстрантите од стотината приврзаници на крајната десница Шпанско единство, што ескалирало со насилство.

Демонстранти од повеќе градови во Каталонија тргнаа во средата на протестен марш со намера до денеска да стигнат во Барселона, а синдикатите повикаа да се одржи генерален штрајк.

Протестите почнаа во понеделникот кога Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор, порад нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.