(ВИДЕО) Прототипот на леталото „Starship“ на Илон Маск експлодираше во текот на тестирањата

Првиот целосен прототип на вселенското летало „Starship Mk1“ на американската компанија „SpaceX“ чиј основач е Илон Маск експлодираше во текот на тестирањата во лансирниот комплекс во областа Бока-Чика во американската сојузна држава Тексас, објави порталот Spaceflight.

Инцидентот се случил во текот на проверките за фунционирањето на веселенското летало при максимално полнење на резервоарите за метан и кислород со криогена течност.

„Овој резултат не беше неочекуван, бидејќи целта на тековните тестирања беше максималното зголемување на притисокот врз системите на бродот“, се наведува во соопштението на претставник на „SpaceX“. Се истакнува дека компанијата нема да го ремонтира „Spaceflight Mk1“ и веднаш ќе започне со градење на верзијата Mk3.

Прототипот Mk1 беше претставен на 29-ти септември во Тексас. Вселенскиот брод со должина од 50 метри и дијаметар од девет метри беше изработен од легурен челик. Неговиот носечки капацитет изнесува 150 тони. Во текот на презентацијата, челникот на „SpaceX“, Илон Маск, изјави дека првиот орбитален лет на бродот треба да биде изведен во рок од шест месеци.

Претходно во август беше изведено успешното тестирање на прототипот „Starhoppe“, во текот на коешто беа проверувањени инженерски решенија неопходни за изградба на „Starship“.

Вселенското летало за повеќекратно користење „Starship“ е дизајнирано за летови на Марс и е предвиден за превоз на 100 луѓе. Како што Маск претходно истакнуваше, тој својата компанија „SpaceX“ ја основаше во 2002 гдоина со цел да му помогне на човештвото да го колонизира Марс. Како временски ориентир за испраќање истражувачи на Марс, тој ја одреди 2022 година.