ВИДЕО: Првите моменти од автобуската несреќа, возачот лежи исфрлен на улицата

Сведоци на големата трагедија во селото Ласкарци, кога вчера автобус на претпријатието Дурмо-турс од Гостивар излета од автопатот и падна во бездна, по што се преврте, ги снимиле првите моменти по несреќата, а видеото го објави порталот АКО.МК.

Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, прво не сфатиле што се случило, па тргнале да видат од каде доаѓа чадот што се гледа на видеото и што е тоа што паднало крај нив со силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, виделе човек како лежи на асфалтот, потоа дознале дека е тоа возачот на автобусот.