(ВИДЕО) Прво излегување на две жени во вселенска прошетка

Астронаутките на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Кристина Кук и Џесика Меир, го остварија во петокот првото излегување во историјата на две жени истовремено во отворената Вселена од Меѓународната вселенска станица (ISS), во операција на заменување на една од единците на системот за напојување со енергија, а преносот се одвиваше на сајтот на агенцијата.

Оваа стопроцентно женско излегување беше планирано во март, но во NASA тогаш мораа да го откажат четири дена пред рокот, бидејќи не биле подготвени астронаутските костуми со соодветните величини.

Излегувањето во петкот, коешто започна во 13,37 часот по македонско време, Кук и Меир во следните пет и пол до шест часа работеа на замена на блокот за полнење на батериите од 2000 година, кој од непознати причини испадна од системот минатата седмица.

Поискусната Кук, за која ова е четвртоа вселенска прошетка, излезе прва и од контролата во Хјустон дозна дека во тој момент се наоѓа над Ријад. Плуташе полека во отворената Вселена во својот огромен бел костим, приврзана со кабел за станицата која се движи со брзина од 8 километри во секинда околу Земјата, на високина од 415 километри.

„Одам“, потоа се огласи Џесија Меир, која на ISS пристигна во септември годинава, додека во станицата останале Американец, Италијанец и двајца Руси.

Првата жена која излезе во отворената Вселена беше во 1984 година советската космонаутка Светлана Савицкаја.

Од 1998 година и почетокот на мисијата на ISS изведени се 221 излегување во космосот, од кои во 43 учествувале жени астронаутки. Кук и Меир беа 14-та и 15-та астронаутка кои излегоа во Вселената

Вселената долго беше резервирана за мажите. Во NASA, на пример, првите астронаути биле воени пилоти мажи. Првата жена во Вселената беше Русинката Валентина Терешкова во 1963 година, а првата Американка беше Сали Рајд во 1983 година.