(ВИДЕО) ПСЖ ја декласираше Црвена ѕвезда, Шалке славеше во Москва

Во средбата од второто коло од Групата Ц од фудбалската Лига на шампионите, Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ ја победи белградска Црвена ѕвезда со 6:1 нанесувајќи ѝ го најтешкиот пораз во европските купови во историјата на клубот.

Српскиот фудбалски шампион изненади во првото коло одигрувајќи во Белград со силно фаворизираниот Наполи 0:0, но во второто коло доживеа дебакл. Црвена ѕвезда добро се држеше во Париз во првите 20 минути, но тогаш попушти пред пресилниот за овој нејзини состав противник. ПСЖ веќе во следните 25 минути од првото полувреме успеа да постигне четири погодоци, а во продолжението уште два. Победата на ПСЖ можеше да биде уште поубедлива, но голманот Милан Борјан се истакна со неколку одлични одбрани.

Парижаните поведоа во 20 минута со голот на Нејмар од слободен удар, а бразилскиот ас само по158 секунди подоцна го удвои водството по двојното проигрување со Килиан Мбапе. Нејмар со тоа го собори рекордот на Лигата на шампионите со постигнување два гола во низа, а досегашнот рекорд, исто така, беше негов. Имено во дресот на Барселона постигна два гола во интервал од 166 секунди.

И стрелци на другите два гола во првото полувреме беа јужноамерикански фудбалери, Уругваецот Единсон Кавани во 37 и Аргентинецот Ангел ди Марија во 41 минута. Во второто полувреме, домашните постгнаа уште два гола, а стрелци беа Мбапе во 70 а Нејмар во 82 минута, непосредно пред да биде повлечен од теренот повторно од слободен удари но овој пат уште поубаво постигна „хет-трик“. Ѕвезда кон средината на вториот дел помалку се ослободи од грчот, направи неколку добри акции и упати три шута кон противничкиот кол од кое оној на Марко Марин во 75 минута заврши во мрежата на ПСЖ.

Досега највисокиот европски пораз Црвена ѕведа го доживеа во 2004 година кога загуби од ПСВ Ајндховен со 0:5

Во вториот меч од оваа група вечерва играат Наполи и Ливрпул. На табелата водата Ливепрул и ПСЖ со по три бода, додека Наполи и Црвена ѕвезда имаат по еден.

Истовремено во Москва во рамките на Групата Д, Шалке 04 славеше над Локомотив со 1:0 со голот на Вестон Меккени во 88 минута, во натпревар кој се одигра по дождливо време и не донесе особени возудувања.

Подоцна се среќаваат Порто и Галатасарај. Во оваа група води Шалке со четири бодови, Галатасарај има три, Порто еден, а Локомотив го впиша и вториот пораз.

 

https://www.youtube.com/watch?v=mHOCuE–1O4