(ВИДЕО) Пукачот на Звицер со македонски пасош

Пукачот на Звицер имал македонски пасош, така што аферата „Мафија“ станува се побогата за криминални имиња кои ја користеле нашата патна исправа.

Напаѓачите кои се обидоа да го убијат Радоје Звицер имале половина милион евра кои требало да ги поделат после успешниот атентат, а дополнително и 100.000 евра платени трошоци за престој во Украина, скривање и бегство.

Овие детали се утврдени во рамки на истрагата за обидот за убиство на Радоје Звицер. Дополнителни, како мотив за обидот за убиство на Звицер, кој важи за еден од водачите на кавачкиот клан, се наведува одмазда за убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Напаѓачите добиле околу половина милион евра за извршување на ова кривично дело, а наводно и околу 100.000 евра за трошоците за престој во Украина, објави тогаш „Дан“.

Звицер е тешко ранет на 26. мај минатата година во кварт во Киев кадешто живеел. Поради нападот на Звицер, уапсени се Стефан Ѓукиќ од Бар, првоосомничен за убиството на сограѓанинот Јован Клисиќ и ранувањето на Велизар Гардашевиќ, подгоричанецот Емил Тузовиќ и српските државјани Петар Јовановиќ и Милан Бранковиќ. Во рамки на истрагата за овој случај приведен е и службеник на украинската полиција Ростислав Чернобриви.

 

По обидот за убиство на Звицер, шефот на украинската полиција Игор Клименко рече дека „главни причини за обидот за убиство биле криминалните активности на жртвата, можна прераспределба на сферата на влијание внатре во самата организација и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.