(ВИДЕО) Пукање во синагога во Питсбург, има повеќе мртви

Најмалку седум луѓе се убиени во пукање во саботата во синагогата во градиот Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, објави на својата интернет страница CBS News, повикувајќи се на полициски извори.

Во кусата информација се наведува дека во моментов напаѓачот не е приведен, како и дека тој може да претставува опасност и натаму. Се додава дека има и засега не познат број повредени со порострелни рани/

Полицијата го блокирала местото, но засега нема никакви официјални информации за инцидентот.

Според податоците на локалната телевизиска станица KDKA, полицијата го потврдила инцидентот. По пристигнувањето на местото на настанот, било стрелано кон полициските службеници кои се сокриле зад возилата.

Репортерот на KDKA од местото на настанот, соопшти дека е потврдено загинувањето на најмалку четири лица. Во саботата во синагогата во регуиотн Сквирел хуил, имало многу луѓе, се додава во извештајот.