Обилни врнежи од дожд предизвикаа пукање на браната Каупакалуа на хавајскиот остров Мауи, по што властите наредија евакуација на жителите.
Ројтерс пренесува дека отворени се центри за сместување на евакуираните.
-Пукање на браната може да предизвика поплави опасни по животот и значајни штети на имотите и областите, соопшти Хидрометеоролошкиот завод во Хонолулу.