(ВИДЕО) Путин нема да и наметне санкции на Грузија од почит кон народот

121

Рускиот претседател Владимир Путин нема да и наметне санкции на Грузија како што побара парламентот, истакнувајќи дека е поважно да се поправат влошените односни отколку да се реагира на провокации.

Путин ова го рече набрзо откако рускиот парламент едногласно ја поддржа резолуцијата со која од владата се бара да ѝ наметне санкции на Грузија, а кои Путин треба да ги одобри, мерка која би предизвикала остра ескалација на политичкиот спор со соседна Грузија.

Во изминатите денови Москва ги критикуваше антируските протести во Грузија и вчера го осуди непримерниот говор против Путин на грузиска телевизиска емисија. Кремљ претходно реагираше на настаните со забрана на патничките летови меѓу двете земји, поради што на грузискиот туризам му се закануваат големи штети имајќи предвид дека над милион Руси секоја година ја посетуваат таа земја.

Путин истака оти нема да поддржи санкции и дека сака да ги поправи, а не да ги влоши врските со поранешната советска република.

„За повторно да можеме да ги вратиме целосните врски, нема ништо да направам што би ги искомплицирало нашите односи, од почит кон грузискиот народ“, рече Путин во Екатерининбург.

А за вербалниот напад врз него, тој додаде дека тоа не го заслужува неговото внимание.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.