(ВИДЕО) Путин се искапе во замрзнато езеро за Богојавление

Рускиот претседател Владимир Путин се искапе во вторникот на 20 Целзиусови степени под нулата во замрзнато езеро во близина на Москва, по повод традиционалниот православен ритуал со кој се одбележува празникот Богојавление и Крштевањето Господово.

Свлекувајќи ги дебелиот капут и чизмите, 68-годишниот руски претседател влезе во капачки гаќи во ледената езерска вода во отворот направен во форма на крст и аспроти големиот крст направен од мраз, опкружен со снег.

Се нурна трипати, прекрстувајќи се, според снимките кои ги објави Кремљ, во прилог на што се појаснува дека со тоа се одбележува Хртистовото крштевање во реката Јордан.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за медиумите изјави дека станува збор за традиција а дека „тој не ги менува традициите“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.