(ВИДЕО) Путин се закашлал и не можел да се сопре, морало и Кремљ да се огласи

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на еден видео-состанок имал проблеми со кашлање, што секако во време на пандемија, предизвикало бројни теории за неговото здравје, па морал дури и Кремљ да се огласи.

Путин се борел со кашлицата, а неколку пати рекол „извинете“ и ја ставал десната рака на уста додека се трудел да продолжи напред, пренесуваат британските медиуми.

Како што навеле од Кремљ, претседателот е апсолутно во ред.

„Претседателот се извини и го продолжи состанокот скоро без пауза“, стои во соопштението на Кремљ.

Инаку за време на состанокот се дискутирало за финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот.

Британскиот таблоид Дејли Меил шпекулира дека покрај тоа што Русија има на располагање две вакцини, една, наводно ја примила ќерката на Путин, Катерина, а тој најверојатно не примил ниедна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.