ВИДЕО: Рафинерија за нафта во САД разнесена во експлозија

Голема експлозија, утринава, буквално разнела до темел рафинерија за нафта во американскиот град Филаделфија, соопштуваат тамошните медиуми, пренесува НетПрес.

Според објавеното, првата експлозија се чула во околу 03.20 часот утринава, по локално време, а кусо време потоа одекнале уште неколку детонации.

Голем оган потоа ја зафатил рафинеријата за нафта во јужниот дел на градот.

Сите итни служби за кратко време излегле на терен, но сеуште нема информации за евентуално повредени или загинати лица. Локалните власти веднаш ги затвориле сите сообраќајници околу рафинеријата, која инаку е стара околу 150 години.