ВИДЕО: Ракета на Хамас прекина израелска свадба

Ракета истрелана од Хамас прекина израелска венчавка, токму кога брачниот пар требало да го кажа судбоносното „ДА“.

Младоженците и нивните гости морале да се сокријат за време на венчавката, додека вистинска драма се случувала на небото. На снимката се гледа како една од ракетите прелетува над нивните глави по што се создава вистински хаос на подиумот.

Израелската војска ги зајакна нападите врз Појасот Газа. Убиени се 17 Палестинци, меѓу кои и голем број жени и деца. Палестинската војска истрелала повеќе ракети на израелски градови. И додека светските лидери повикуваат на мир, тензиите растат.