(ВИДЕО) Раперот Bizzy со стиховна „ода на гадоста“ за сите гнасотии на власта во „Не можеме“

„ 15-ти е денот, исправи се со нас, Боже извади не од пекол!“ – се само дел од  стиховите од најновата песна на македонскиот рапер со уметнички прекар Бизи, кој е само еден од илјадниците млади луѓе кој неможејќи повеќе да ја поднесе „мизеријата“ на владеењето на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, па во својата своевидна „ода на гадоста“ ги опеал или ако сакате раскажал, сите гнасотии на власта, пишува порталот Вистина.мк

Темат насловена „Не можеме“ е своевидна ретроспектива на раскрчмувувањето и на името, јазикот, идентитетот,  државата…  И на сето друго – од историјата, преку економијата, до екологијата… што за нивниот мандат на владеење Заев и неговите неспособни и корумпирни социјадемократи успејаа да го уништат, укинат, упропастат, продадат… Рап ода во стихови за суровата голгота и македонскиот од по пеколот според протоколот на корумпираните и криминогени умови од престолот на власта и нивните измеќари.

Темата „Не можеме“ како антипод на нивниот изборен слоган „Можеме“, во која е опишано сето она што од нив е направено, а со тоа всушност предадено, измамено, ограбено и осакатено чистото македонско ткиво, длабоко вткаено во прозата и поезијата на македонските книжевни великани Петре М. Андреевски и Блаже Конески, чии мисли и цитати во вид на стихови се интегрирани во песната.

Сепак, темата „Не можеме“ во себе не ги носи само срамните слики на предавството, поразот, гнилежот и мизеријата од животот на дното, до која Македонскиот народ е доведен последниве 4 години, туку и силна оптимистичка порака дека, како што авторот вели: „Ме боли душа, но пиреј  се македонските сни, време е Јуда да сфати дека народот е тим!“

„ Ете затоа 15-ти е денот, исправи се со нас, Боже извади не од пекол!“ – порачува младиот рапер во името на илјадници млади, десетици илјади гладни, стотици илјади обесправени, понижени, избркани, згазени … Македонци, со моќна порака до нив, токму на овој датум да излезат и да гласаат… Да гласаат  за Божја правда, за човечки слободи, достоинство, нормален живот и иднина за себе и своите деца. Но и со порака за оние, другите: „Не можете да исчезнете, но можете“…