ВИДЕО: Расте бројот на жртви по нападот во Стокхолм, полицијата објави фото од осомничениот

Расте бројот жртви по нападот во Стокхолм, кога камион влета во група пешаци во престолнината на Шведска. Во нападот загинаа пет луѓе, а повредени се повеќемина. Полицијата стравува дека бројот на жртви ќе биде повисок.
Шведскиот премиер Штефан Левен вели дека „се’ укажува на тоа дека се работи за терористички напад, а не за несреќа“.

Според последните информации, помал камион е „украден пред еден ресторан, потоа околу 15 часот влетал во група пешаци и се забил во излог од продавница на влезот од пешачката зона.

Медиумите пренесоа дека едно лице е уапсено, но полицијата тоа го демантираше. Шведската полиција објави фотографија на лице за кое се верува дека е поврзан со нападот.

napagjac

Еден од сведоците рекол дека „стотина луѓе бегале“ за камионот да не ги прегази. Поради нападот во Стокхолм полицајците во Норвешка ќе носат оружје, коешто инаку не го носат, додека полицијата во Финска ќе ги засили патролите во Хелсинки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.