(ВИДЕО) Расте бројот жртви во уривањето на надвозникот во Мајами

Најмалку шест лица загинале во уривањето на штотуку довршениот пешачки надвозник на фреквентен автопат во Мајами, објави во петокот полицијата во овој град во сојузната американска држава Флорида, откако претходно ноќта кон петокот беа потврдени четири жртви.

Десет лица се хоспитализирани, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата, Алваро Забалета. Операцијата на спасување во моментов е сосредоточена на потрага по тела, додека постои закана од уривање „на мостот во целина“. Не е прецизирано колкави се процените за вкупно смртно настрадани.

Пешачкиот надвозник чијашто тежина изнесувала 950 тони бетон и челик, доврешн минатата сабота и кој се’ уште не бил отворен за јавноста, требаше да биде пуштен во работа во 2019 година за поврзување на Меѓународнот универзитет на Флорида со студентските домови во блиското гратче Свитвотер, од другата страна на автопатот со шест коловозни ленти.

Најмалку осум приватни автомобили, според противпожарната служба, биле згмечени во четвртокот при уривањето на мостот врз урбаниот автопат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.