ВИДЕО: Разбиена криминална група која круимчарела мигранти

Полицијата вчера разби криминална група во која учествувал и полициски службеник за круимчарење мигранти.

Според информациите од Министерстовото за внатрешни работи, групата ја создале 38-годишниот У.В. од Каварадци и 26-годишниот Р.Р.М од Пакистан кој е азилант со престојувалиште во Центарот за азиланти во Скопје.

Тие подолг временски период се занимавале  со криумчарење на мигранти од Грција во  Македонија, организирале нивно прифаќање во Гевгелија и потоа нивно превезување до Скопје и Куманово. Мигрантите по потекло биле од Сирија, Aвганистан, Пакистан, Судан,  и други земји од блискиот и далечниот исток, кои веќе престојувале во Р.Грција  по основ на лица бегалци и лица баратели на азил, и кои од Грција, илегално биле криумчарени на територијата на Македонија,  со цел нивно понатамошно криумчарење на територијата на Србија.

На криминалната група и  помагал и 39-годишниот Е.Б. од Кавадарци, вработен како полициски службеник на граничниот премин Богородица, кој злоупотребувајќи ја службената положба, на организиран начин преку илегални премини овозможувал безбедно криумчарење на мигрантите

За потребите на криминалната група вршел извидување на теренот и определување на „безбедни термини, временски период и место“ од каде што во координација со останатите членови на криминалната група вршеле прифаќање и понатамошно превезување на мигрантите со возиа.

Останатите членови на криминалната група С.Б. (39) М.Ф. (38) и А.К. (22), сите од Кавадарци, кои го вршеле транспортот на мигрантите, по претходни упатства и насоки давани од страна на организаторот на групата У.В.

Завчера по претходен договор криминалната група организирала прифаќање на девет лица – мигранти, во Гевгелија, кои ги сместиле во две посебни возиле  со цел нивно понатамошно превезување, за сума од 120 до 150 евра која требало да ја плати секое лице мигрант. Вчера во раните утрински часови во близината на наплатната рампа во Велес, двете возила биле запрени од страна на полициски службеници, при што помеѓу деветте идентификувани мигранти од Авганистан, според првичните лични податоци кои се дадени од страна на лицата идентификувани се и три деца на возраст од 10, 16 и 17 години. Од членовите на криминалната група со потврда, привремено се одземени три патнички моторни возила, телефонски апарати и СИМ картички, предмети за кои постојат основи за сомневања дека се предмет на кривично дело.

На сите пријавени им е изречена казна притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.