Спорт

(ВИДЕО) Разиграниот Меси за победа на Барса во градското дерби со Еспањол

(ВИДЕО) Разиграниот Меси за победа на Барса во градското дерби со Еспањол

Во градското дерби одиграно на „Ел Прато“, Барселона како гостин го совлада Еспањол со 4:0 (3:0), со два прекрасни погодока на Лионел Меси од слободни удари, и со три бода предност е пред најблиските тимови на врвот од табелата на шпанското фудбалско првенство.

Меси првиот гол постигна во 17 минута, со удар од 23-24 метр. Мајсторски шутнатата топка просто бегаше од домашниот голман Диего Лопез и заврши во самото место каде што се спојуваат дирекот и пречката во левиот горен агол. Девет минути подоцна аргентинскиот ас беше асистент а убав гол постигна Усман Демпеле, погодувајќи го од левата страна спротивниот агол. Дембеле во 45 минута со одлично додавање го исфрли во фор Луис Суарез, Уругваецот покрај самата корнер линија се протна до голот на Лопез кому му ја протна ногата низ нозете речиси од „мртов агол“ зголемувајќи на 3:0.

Во првиот дел Барса имаше уште неколку увави шанси и стативи, но на следниот голе се чекаше до 65 минута, и новата мајсторија на Меси. Новиот слободен удар беше досуден на речиси исто растојание од голот како и про првиот погодок, но од десната страна, па Аргентинецот реши да го гаѓша десниот горен агол од голот на Еспањол, и повторно погоди.

Фудбалерите на Селта Виго славеа со 3:2 (1:0) на гостувањето кај Вилјареал, а домашните за малку во финишто на натпреварот замалку ќе направеа голем пресврт.

Со головите на Мендез во 44, Јукуслу во 49 и Гомез во 52 минута, Селта Виго направи предност од три гола, и овој резултат го одржуваше до 83 минута. Тогаш едно невнимателно враќање на топката кон голманот резултираше со индиректен удар кој Карлос Бака го претвори во гол, а истиот играч по четири минути уште еднаш беше стрелец. Во преостанатите десет минуто играчите на Вилјареал напаѓаа со сите сили, дури ја погодија и стативата, но не успеаја да израмнат, Вилјареал со 14 бодови, останаа на 17-то место, три бода над зоната на испаѓање, додека Селта Виго со 20 бодови е на 10-то место.

Со голот на Сарабија во 55 минута Севилја до последните секунди на гостувањето кај Валенсија го одржуваше водството, и можеше на момент да го преземе врвот на табелата. Но тогаш на нејзината одбрана и’ побегна Дакаби, а чешкиот голман Вацлик излета во празно, па домашните дојдо до израмнување. Валенсија сега има 18 бодови и е на 13-то место.

Во првиот меч од саботната програма Атлетико Мадрид во дербито на домашен терен го совлада Алавес со 3:0, но иако крајниот резултат не навестива, „јорганџиите“ до победата дојдоа со многу труд. Атлетико поведе во 23 минута преку Никола Калиниќ, а победникот беше решен по голема борба со добрата контра но со многу среќа постигнатиот гол на Антоан Гризман во 82 минута, а три минути подоцна стрелц беше и Родриго.

На табелата води Барселона со 31 бод, три повеќе од Севилја и Атлетико Мадрид, а Алавес ги следи со 24 бодови. Реал Мадрид е петти со 23 бодови, но и меч помалку, кој го игра во недела кај последната Хуеска.

Во недела се играат дуелите Еибар – Леванте, Хуеска – Реал Мадрид, Реал Сосиедад – Вајадолид и Бетис – Рајо Ваљекано, а во понеделник Атлетик Билбао ја пречекува Жирона.