(ВИДЕО) Реал го претстави Азар на „Бернабеу“

Реал Мадрид во четвтокот го претстави големото засилување Еден Азар, а Белгиецот пред 50 илјади гледачи им позираше на мноштвото фоторепортери поигрувајќи си со топката.

Дваесет и осумгодишниот Азаер дојде во Мадрди од лондонски Челзи во трансферот вреден 100 милиони евра и потпиша верност на „Кралевите“ во следните пет години.

„Ола тодос“, беа првите зборови кои ги изговори Белгиецот на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, а потоа продолжи на француски: „Дојдов да освојам многу трофеи со Реал. Уживам бидејќи од малечок сакав да играм за овој клуб“.

Азар е третото големо засилување за Реал за новата сезона, во која ќе се обиде да ги избрише големите неуспеси од минатата во која како ретко кога во историјата не оствоија ниеден трофеј. Првенството го заршија дури со 19 бодови помалку од најголемиот ривал шампионот Барселона, а отуштија дури двајца тренери.