(ВИДЕО) Реал Мадрид го „прегази“ Фенербахче во дербито на колото од Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид го декласираа Фенербахче и со висок триумф од 65-94 заминуваат од „Улкер Арена“ во дерби дуелот на два од последните три европски прваци кои се соочија во рамките од 25. коло на Евролигата. Иако имаат проблеми со повреди, „кралевите“ доминираа скоро во секој сегмент на игра. Со оваа победа, Реал и по ова коло ќе биде на делба на втората позиција со ривалот Барселона, доколку каталонскиот тим слави над Панатенаикос.

По изедначениот старт, Фенер како да испушти чекор и гостинот убедливо поведе. Во втората четвртина домаќинот успеа да се врати само до шест позитива, пред да почне доминацијата на Реал, кој на полувреме замина со 31-47.

Продолжението од мечот остана исто и турската екипа бркаше негатива. Најблизу стигнаа на -9, со што го поттикнаа ривалот со серија шутеви за три поени да дојде до највисоки +20. Во последниот период се случи целосен дебакл и Реал Мадрид дојде највисоката предност .

„Кралевите“ ги предводеше Џејси Керол со 20 поени, надополнет од Валтер Таварес, кој уфрли 16 поени. Кај домаќинот Де Коло стандардно беше најдобар со 21, додека Јан Весели постигна 16 поени.

Претходно, Олимпијакос оправда фаворитската улога и дома го совлада АСВЕЛ со 77-68, израмнувајќи се со Милано на последната позиција која води во плеј-офот. Алба Берлин во трилер завршница славеше кај „фенерџијата“ Зенит со 81-83, иако руската екипа имаше предност во најголемиот дел од средбата.