(ВИДЕО) Реал Мадрид и Манчестер сити со втори победи четвртфиналисти во ЛШ

Реал Мадрид и Манчестер сити обезбедија вечерва четвртфинале во Лигата на шампионите после идентичните победи како домаќини со втори победи ја обезбедија визата за следната рунда против Аталанта (3-1) односно Борусија Менхенгладбах (2-0), па им се придружија на веќе пласираните од минатата недела ПСЖ, Ливерпул, Борусија Дортмунд и Порто меѓу најдобрите осум.

„Кралскиот клуб“ после триумфот со 1-0 во Бергамо, вечерва со 3-1 славеа против Аталанта постигнувајќи два гола во клучни периоди од мечот за практично да ги откажат бергамашите од било каква сензација во реваншот во Мадрид.

Аталанта дојде по изненадување, ама голманот на калчолигашот Марко Спортиело го почести Реал со лесен гол преку Карим Бензема во 34-та минута, откако направи глупост за да му додаде на Лука Модриќ, кој му асистираше на Французинот, за после еден час игра капитенот Серхио Рамос да реализира пенал по прекршокот за најстрога казна врз Бразилецот Винисиус Жуниор и практично четвртфиналето беше заверено.

Винисиус имаше две шанси, Бензема погоди еден дирек, а Спортиело одбрани зицер, додека Дуван Запата имаше два зицери за Аталанта, па дури во завршницата Лукас Муриел со прекрасен гол од слободен удар постигна само почесен гол, а не помина многу од погодокот на гостите, Марко Асенсио погоди третпат во мрежата на Аталанта на пет минути пред крајот за да ја завери победата.

На Манчестер сити му требаа нецели 20 минути од стартот на мечот за да даде два гола, па Кевин де Брајне во 12-та и Илкај Гундоган во 18-та ја погодија мрежата на Борусија Менхенгладбах за да го заверат четвртфиналето на Манчестер сити, откако англискиот премиерлигашки лидер и по првиот меч имаше предност од 2-0, па со вкупни 4-0 помина во следната рунда.

Без многу мака Сити стигна до триумфот, па сѐ после двата гола беше само формално одигрување на минутите и чување на силите.

Утре оваа осминафинална рунда завршува со пресметките на Челси со Атлетико Мадрид во кој „сините“ имаат предност од 1-0 по првиот меч, како и дуелот на европскиот првак Баерн Минхен со Лацио, кој е чиста формалност за Баварците после убедливите 4-1 во Рим, по што ќе се комплетираат осумте учесници пред петочната ждрепка за завршната фаза од оваа сезона во мултимилионската елита.