(ВИДЕО) Рекорд на Џејлен Браун во НБА лигата

2021 NBA (Photo by Brian Babineau/NBAE via Getty Images)

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун, ноќта кон понеделникот постави рекорд во НБА лигата, откако во дуелот со Кливленд Кавалирс кој неговиот тим на домашен паркет го доби со 141:103, за 19 минути и 14 секунди игра постигна 33 поени.

Според официјалниот акаунт на Twitter на најсилната лига кошаркарска на светот, 24-годишниот Браун го има најдобриот резултат за 20 минути минати на паркетот од сезоната 1954/55, кога е воведен дигиталниот временска бројач.

Браун беше најефикасен играч на натпреварот на кој придодаде уште три скокови и една асистенција.

По оваа победа, Бостон се искачи на третото место во Источната конференција со досегашен биланс од девет победи и шест порази.