ВИДЕО| Рикардо победник во Монца, судар на Хамилтон и Верстапен

Австралискиот автомобилист Даниел Рикардо во болидот на Мекларен е победник на трката за Големата награда на Италија возена на неделата на патеката во Монца, која беше 14-та трка од светското првенство во класата Формула 1, а која ја одбележа сударот меѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон во 26-от круг.

За Австралиецот ова е осмата победа во кариерата а прва во екипата на Мекларен, чиј болид прв стасува на целта по 3.213 дена. Рикарод инаку последната победа ја оствари во Монако во 2018-та како возач на Ред Бул.

Одличниот викенд за британскиот тим го дополни Ландо Норис кој го зазема второт место, додека трет беше Финецот Валтери Ботас од Мерцедес.

Трката ја одбележа сударот на двајцата водечки возачи во првенството, лидерот Макс Верстапен од Ред Бул и бранителот на тутулата Британецот Луис Хамитлон од Мерцедес во 26-от круг, кога Верстапен слета на болидот на Хамилтон што беше крај на трката и за двајцата.

„Тоа се случува кога не оставате простор“, коментираше Верстапен на тимското радио.

„Ми слета на главата, но добро сум. Видов дека Макс му приоѓа, се погрижив да остава, ширина на болд однадвор. Во свиокот 1 јас бев напред, одев во свиокот 2 а веќе следниот момент тој беше над мене. Не знам што да кажам“, го коментираше инцидентот Хамилтон.

Ова беше само третата трка оваа сезона во која не славеа Верстапен или Хамилтон. Во другите две победија Серхио Перез во Азербејџанм и Естебан Окон во Унгарија.

Холанѓанецот ја задржа предноста во генералниот пласман со 116,5 бодови во однос на Британецот кој има 221,5 бодови. Трет е Ботас со 141 бод, а потоа следат Норис со 132, Перес со 118 бодови…

Следната трка се вози на 26-ти септември за Големата награда на Русија во Сочи.