(ВИДЕО) Ристески: Бараме независна и неполитичка Комисија за заразни болести

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во вторникот во Собранието побара од власта да се формира независна и неполитичка Комисија за заразни болести, образложувајќи го барањето со молкот на надлежната институција во врска со нарушувањето на здравствено-епидемиолошките мерки во неделата на изборите во Штип.

„Бараме неполитичка комисија која нема да дозволи прослави во Штип поради  локалните избори“, вели Ристески.

Додаде дека ниту Министерството за внатрешни работи, ниту Комисијата за заразни болести, ниту, пак некој од СДСМ реагирал на ова.

„Ќе го видиме кластерот после седум или десет дена по криминалните избори во Штип“, рече Ристески обраќајќи им се на пратеници од владејачката СДСМ кои ја напуштија пленарната сала кога тој презентираше фотогратии од кои се гледа како се нарушуваат епидемиолошките мерки во текот на неодамнешните избори за градоначалник во Штип на кои се противеше опозицијата токму поради епидемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.