(ВИДЕО) Роберт Левандовски претставен на „Камп ноу“ пред илјадници навивачи

Барселона свечено го претстави Роберт Левандовски на своите навивачи кои во рекорден број дојдоа на „Камп ноу“, да му посакаат добредојде на новата мегаѕвезда.

Полскиот бомбардер со промоцијата урна рекорд на Роналдињо. За Бразилецот во 2003 година на трибините се собраа околу 25.000 навивачи, а бројката за денешната промоција изнесува над 30.000.