(ВИДЕО) Роботски пес дели дезифисиенси за раце на Тајланд

Роботскиот пес наречен К9 им дели дезифисиенси за раце на љубопитните деца и внимателните купувачи во трговските центри во рамките на мерките кои Тајланд ги предизвикува додека ги ублажува мерките воведени поради пандемијата на Covid-19.

Високотехнолошко развиеното куче e контролираno преку 5G мобилната мрежа, технологија којашто носи супер брз интернет и е во почетна фаза од воведувањето на Тајланд.

Имитирајќи возбудено кутре, К9 се движи по популарниот трговски центар „Central World“ во средиштето на Бангкок и го привлекува вниманието на одушевените деца кои сакаат да добијат дезинфисиенс во гел од шише прицврстено на неговиот грб.

„За луѓето е згодно да можат да ги измијат рацете… особено во ситуацијата на (пандемијата) Covid-19“, вели Петра Сактиџбануданд, која работи во маркетиншкиот оддел на мобилниот оператор AIS.

Во оваа компанија планираат до крајот на годинава да воведат 5G мрежа за мобилната телефонија.

Освен К9, технологијата 5G го покренува и ROC, кој ја проверува телесната температура, а тука е и LISA, којашто преставува служба за корисниците.

„Луѓето мослат дека К9 е сладок“, вели Петра за AFP додавајќи дека се надеваат дека тоа ќе го отстранат секој неразумен страв од роботите.

Меѓутоа, Лапасанан Буранапатракорн, којашто се сретнала со К9, не е убедена во тоа. Таа смета дека К9 излгеда „морничаво“. Сепак, оваа 29-годишна жена признава дека делењето дезинфисиенс за рацете е „добра идеја“.

Тајланд постепено ги укинува ограничувањата воведени поради епидемијата од короанвирусот, од кој во оваа азиска монархија починаа 58 луѓе, додека заразени е 3.101 лице.