ВИДЕО: Роналдо со 9-ти хет-трикму одговори на Сари со хет-трик, Франција едвај обезбеди ЕП

Драматична завршница ќе гледаме во последното коло од квалификациите за Европското првенство во групата Б.

Португалија освои очекувани три бода на домашен терен против Литванија (6-0) и остана на втората позиција која носи континентален собир наредната година. Кристијано Роналдо одново беше во центарот на вниманието и со три гола му докажа на Маурицио Сари дека повредата не е причината поради која беше заменет за време на викендот.

„Седумката“ на Португалците успешно реализира од белата точка, а потоа со прекрасен удар од далечина погоди за 2-0 на паузата. Продолжението донесе доминација на домашниот тим, кој со уште четири гола ја наполни мрежата на противникот.

Својата задача си ја заврши и Србија која лесно го доби дуелот со Луксембург (3-2). Светскиот првак Франција со судни маки ја прескокна Молдавија (ЕП) и обезбеди пласман на ЕП.

Во истата група, Албанија и Андора одиграа без победник (2-2).