(ВИДЕО) „Роверот“ бил превртен, очевидци му помагале на принцот Филип да излезе од него

92

Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета Втора, имаше сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам, источно во Англија, но не е повреден, соопшти Багингемската палата.

Војводата од Единбург попладнево учествуваше во сообраќајна несреќа со други возила. Војводата не е повреден. Несреќата се случи во близина на имотот Сандрингам, се наведува во соопштението.

Тој возел Ренџ Ровер и излетал од патот во близина на кралскиот имот Сандрингам. Во сообраќајката учествувало уште едно возило, во кое имало две лица и тие со помали повреди се пренесени во болница.

Очевидци му помогнале на војводата од Единбург да излезе од превртениот Ровер.

Тој бил свесен, но многу шокиран и потресен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.