ВИДЕО| Русија го користела системот „Искандер“ за напад врз цел во Украина

Руското министерство за одбрана објави снимка од лансирањето на крстосувачка ракета Р-500 од ракетниот систем „Искандер-К“ врз цел во Украина.

На снимката се гледа оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-К“ сместен во шумска област на непозната локација со активен систем за лансирање. Потоа е прикажано самото лансирање на крстосувачката ракета која полетува од лансерот на погон на сопствениот мотор и правејќи свртување во воздухот се упатува кон зададената цел.

Руските медиуми забележуваат дека комплексот има нова камуфлажна шема со големи зелени и црвени дамки, иако по правило системот „Искендер“ имаат еднобојна камуфлажа.

На претпладневниот брифинг за новинарите во четвртокот, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков информираше дека во изминатите 24 часа ракетните сили и артилеријата погодиле 62 командни пункта, 407 локации на кои имало концентрација на жива сила и воена опрема на украинската војска, како и 47 артилериски и минофрлачки позиции и три складишта за муниција.

Во истиот период во областа на железничката станица Покровск во областа на регионот Доњецк, во тек на истоварување биле уништени трупи и воена опрема на 10-та планинско-јуришна бригада на украинската армија, која пристигнала во областа како засилување на украинските борбени групации во Донбас.