Руското министерство за одбрана во средата објави видео-материјал на кој се гледа уништување на позициите на американски хаубици од моделот „М777“ и украински артилериски екипаж со беспилотно летало камиказе од моделот „Куб“, што е прво досега јавно потврдено користење на овој вид вооружување од страна на руската армија во нејзината речиси четиримесечна воена интервенција во Украина.
На снимката направена од беспилотно летало се забележува артилериска батерија од две 155-милиметарски хаубици и војници во подготовка за борбено дејствување. Во тој момент дронот „Куб“ понира и експлодира меѓу двете хаубици, а во видео-материјалот се забележуваат фрагмети кои ги погодиваат војнциите и оружјата.
Според портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, руската војска го извршила овој напад врз позицијата на американските хаубици во близина на селото Подгорное во областа на Одеса на југот од Украина.
Според отворени извори, беспилотното летало „Куб“ е развоеното во компанијата „ZALA AERO“, во составот на концернот „Калашников“. Има карактеристична форма поради широкото делта крило, се движи со пропелер кој го ротира елелтромотор. Дронот носи боева глава тешка три килограма. Максималниот лет трае 30 минути, а максималната брзина му е 130 километри на час.
Дронот се наведува според видео-сликата којашто се добива од камерата со којашто е опремен, има висока прецизност, може да се лансира прикриено, речиси е бесшумен и чесно се контролира. Финалните тестирања на „Куб“ биле завршени кон крајот на 2021 година.
На почетокот од април беше објавено дека САД на Украина ѝ испорачале 100 свои ткн „дронови камиказе“ од типот „Switchblade“ и ги обучувале украинските војници за нивна употреба. Како што прецизираше тогаш портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, за користење на овој вид дронови, познат и како „талкачка муниција“, американската војска подучувала мала група украински колеги кои се обучувани во САД уште есента 2021 година. Појасни дека за совладување на употребата на „Switchblade“ обично се потребни два дена.