(ВИДЕО) Русија повтори дека израелски лажни информации довеле до уривање на нејзиниот авион во Сирија

Вината за соборениот во понеделникот разузнавачки авион „Ил-20“ во Сирија по грешка на сириската противвоздушна одбрана паѓа врз израелските воздухопловни сили кои дале „залажувачки информации“, повтори во неделата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Презентираните објективни податоци покажуваат дека активностите на израелските пилоти на борбените авиони, кои предизвикаа смрт на 15 руски војници, зборува или за недостиг од професионализам или најмалку за криминална небрежност“, изјавил Конашенков во текот на брифингот со новинарите во Москва.

„Лажните информации кои ги дала израелската војска за воздушните напади кои ќе ги изведат не му овозможиле на рускиот авион Ил-20 да се повлече навреме во безбедна зона“, додал Конашенков презентирајќи ги заклучоците од истрагата.

Истакнал, како што беше објавено и претходно седмицава, дека Русија примила информација од израелската команда во 18,39 часот по ГМТ со кој е предупредена дека Израел ќе го нападне „северот на Сирија“, каде што руски извидувачки и разузнавачки авион бил во мисија на зоната на деескалација во покраината Идлиб.

Екипажот на авионот добил наредба да се врати во Хмејмим, но „само една минута по информацијата од израелските воздухопловни сили“, израелските ловци „F-16“ од страна на средоземјето ја гаѓале Латакија, на северозападот од Сирија, во близина на руската водухопловна база.

Руското министерство за одбрана истакнува дека израелскиот пилоти намерно го искористиле како штит рускиот авион „Ил-20“ кој според габаритот е многу поголем од „F-16“ од проектилите на сириската противвоздушна одбрана.

„Израелските пилоти не можеле а да не знаат дека ефективната рефлективна површина на авионот Ил-20 значително ја надминува површината на ловците F-16 и дека рускиот авион ќе биде главна цел на протвавионските проектили“, додал Конашенков.

Според податоците на руското министерство за одбрана, маневарот на израелските пилоти за доближување до рускиот авион бил извршен со намера сириската противоздушна одбрана да го регистриран како обид за втор напад врз инфраструктурни објекти во Сирија.

Конашенков истакнал дека руското министерство за одбрана ги поседување снимките меѓу руските функционери и еден израелски офицер и истканал дека загинувањето на руските војници е „исклучиво вона на Израел. Опишал и дека капетанот на рускиот авион дал тревога поради пожар на леталото и најавил принудно слетување, но по четири минути авионот се загубил од радарите и се загубила радиоврската.

Конашенков, исто така, истакнал уште еднаш дека Израел ја известил Русија за подготвување на воздушен напад во моментот на почетокот на нападот, а не претходно. Оценил дека со тоа Тел Авив го прекршил договорот со Москва од 2015 година за спречување на инцидентите во воздушното пространство на Сирија и регионот.

Израелската војска повторно ја негира „руската верзија“, одговарајќи во неделата во соопштение дека нејзините авиони „не се криеле зад никаков авион и дека сите израелски авион се наоѓале во израелскиот воздушен просор во моментот кога рускиот авион е соборен“. Исто така, повторно изрази сочувство до Русија.

Станува збор за најтешкиот инцидент меѓу Израел и Русија, откако Москва на барање на сириската влада од крајот на 2015 година започна водушни операции од Сирија кои доведоа до пресврт во конфликтот започнат во март 2011 година, бидејќи силите на владата во Дамаск беа ослабени од нападите на бунтовниците и џихадистите.