ВИДЕО| Русите тврдат дека кај Харков гаѓале офицери кои го славеле назначувањето на Сирски

Ноќта кон саботата руските сили нападнела локал во регионот на Харков во кој се украински офицери го прославувале назначувањето на Олександр Сирски за нов врховен командант на вооружените сили на Украина, велат руски извори, додека украинската страна објави дека има седум жртви, меѓу кои две деца во нападот во кој била погодена болница.

„Беше гаѓано кафуле во градот Великиј Бурлук, на истокот на Харковската област. Во тоа време, офицерите од оваа област се собрале да го прослават унапредувањето на генералот Сирсики на позицијата врховен командант“, изјавик за агенцијата РИА, Сергеј Лавров, координаторот на руските власти Николаев, во Харковската област на западот на Украина.

Според истиот извор, во друг удар во исто време било погодено складиште со нафта за тешката борбена опрема на украинската војска стационирана во Харков. Според Лебедев, руските извидувачи известиле дека складиштето било погодено кова во него имало максимално количество гориво.

„Оштетени се и магацините лоцирани до складиштето за нафта и одредено количество опрема, како цистерни со гориво. Досега е познато дека се оштетени 11 единици на опремата“, тврди Лебедев без да понуди докази за своето тврдење.

Додава, исто така, била погодена и еден од соседните објекти, каде што бил стациониран воен персонал, вклучително и припадници на доброволечките екстремнодесничарски украински баталјони.

Претходно во саботата утрото, украинските власти во областа на Харков, вториот по големина украински град, објавија дека руски дроново доцна ноќта во петокот погодиле бензинска станица предивикувајќи голем пожар кој зафатил приватни домови.

Украинските власти потврдија дека со беспилотни летала бил погоден ресторан во градот Великиј Бурлук, источно од Харков, но и дека била погодена и болница.

Харковскиот главен обвинител Олександ Филчаков, во водеото објавено на апликацијата за пораки Telegram, наведе дека три беспилотни летала ја погодиле бензинската станица во населбата Немишлијански малку пред 23 часот.

„Имаше многу гориво и затоа се овие страшни последици од пожарот“, наведе Филчаков.

Загинале седум луѓе, меѓу кои две деца, соопшти во саботата градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, додавајќи дека се уништени 14 приватни куќи, а 50 жители се евакуирани. Највисокиот воен функционер во Великиј Бурлук, Виктор Терешченко, за јавната телевизија Суспилне изјави дека беспилотните летала оштетиле болница и ресторан, како и дека се собираат детали за жртвите.

Официјални лица известија за напад врз болница во градот минатата седмица, по што беа евакуирани десетици пациенти.

Агенцијата Reuters не можела независно да потврди детали за нападот. Руската страна не одговорила веднаш на барањето за коментар, но рекла дека намерно не цели на цивилни локации.

Харков беше под редовен напад од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година но потоа руската војска долго време не дејствуваше, но последните седмици беше честа цел на руски напади. Според Москва, во оваа област се групираат формациите од странските платеници кои војуваат на страната на Киев.