ВИДЕО: Руска ракета со сателит се урнала по полетувањето

Руската ракета Протон – М која носела комуникациски сателит паднала утрово 10 минути по лансирањето од космодромот Бајконур во Казахстан.

Руските власти соопштиле дека контролниот систем на ракетниот мотор откажал 545 секунди по полетувањето.

Руската државна телевизија прикажала како ракетата и комуникациониот сателт изгореле во високите слоеви на атмосферата над Тихиот океан.

Сателитот чини 21 милион евра, а за Русија го наравила европската Астријум корпорација на Ербас групата. Тој требало да овозможи пристап на интерет во поодалечните руски територии.

Руската федерална вселенска агенција Роскосмос, соопштила дека е оформена специјална комисија која треба да ја истражи причината за дефектот на ракетата.