ВИДЕО| Руската авијација крај Харков уништила стотина платеници од Полска и Германија

Руската борбена авијација убила повеќе од сто платеници од Полска и Германија во областа на источниот украински град Харков, соопшти во понеделникот руското министерство за одбрана во редовниот дневен брифинг за медиумите за акциите на руските единици во последното деноноќие во Украина.

„Високопрецизното оружје на руските воздухопловни сили погодија привремена позиција на странски платеници во близина на селото Золочив во Харковскиот регион. Убиени се над 100 милитанти од Полска и од Германија, а повеќе од 50 се ранети“, се наведува во билтенот.

Во брифингот се додава и дека руската артилерија во текот на операциите во Украина повеќе од 70 отсто од составот од баталјоните на 66-та механизирана бригата на украинската армија на територијата на одметната проруска област Доњецк која сѐ уште е под контрола на силите на Киев.

„Во областа на местото Маринка во (самопрогласената) Нариодна Република Доњецк со артилериски удар на руските трупи врз позициите на 66-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина ликвидрани се повеќе од 70 отсто од составот на третиот баталјон на оваа формација“, соопшти портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков.