ВИДЕО| Руската флота е способна да открие и уништи секаква закана, порача Путин

Руската флота е способна да откри и уништи „која и да е цел“ која ќе биде идентификувана како закана за националната безбедност, изјави во неделата рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург.

Во ткн северна руска престолнина Санкт Петербург се одржува централната парада во чест на 325-годишнината од основањето на руската воена форма.

„Денес, руската флота располага со сѐ што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Способни сме да откриеме која и да е непријателска џел под водата, на површината и да ѝ нанесеме, доколку е потребно, и смртоносен удар“, изјави Путин во говорот кој беше пренесува на јавниот телевизиски сервис.

Според Путин, Русија го заземала своето место меѓу „главните поморски сили во светот“, развивајќи го „морнаричкото воздухопловство со кус и долг долет, крајбрежниет одбранбени системи и хиперсоничното прецизно вооружување од новото поколение на кое нема слично во своето и се продолжува со неговото успешно доработување и подобрување“.

На петтата парада учествуваа 54 бродовои, 48 авиони и повеќе од 4.000 војници. Имаше два парадни строеви на реката Нева и во блискиот Кронштат, на островот Котлина.

На Нева, покрај другите бродови беа прикажани и најновата фреката од проектот 22350 „Адмирал Касатонов“, ненукеларниот брод „Кронштат“ и други бродови, додека во Кронштат парадниот строј го сочинуваа 16 бородови, меѓу кои и раектниот крстосувач „Маршал Устинов“, корветата „Гремјашчи“ и др.

На крајот од пардата ловците од типот „Су-25“ го обоија небото во боите на руското државно знаме. Паради веќе беа одржани во Владивостик, каде што е седиштето на Тихоокенаската флота, а празникот на воената морнарица го одбележаа и Северната, Црноморската, Балтичката и Касписката флора, како и поморските сили во техничко-воената поморска база во Тартус во Сирија.

Вечерта во 20 часот по локално време во Санкт Петербург ќе се одржи свечен артилериски почесен плотун, но поради епидемиолошките мерки нема да има публика.

Русија на почетокот од седмицата објави дека успешно го тестирача новиот напреден систем за противвоздушна одбрана „С-500“ и и хиперсоничниот крстосувачки проектил „Циркон“ од новата генерација,.

Минситерството за одбрана објави дека проектилот истрелан од фрегатата „Адмирал Горшков“, борбен брод стациониран во Белото Море на работ на Арктичкиот Океан, летал со брзина седум пати поголема од брзината на звукот и прецизно ја погодил целта оддалечена 350 километри на брегот на Баренцовото Море. Москва планира со ракетниот систем „Циркон“ да ги опреми своите подморници и борбени бродови.