ВИДЕО| Руската морнарица гаѓаше лажна цел во Јапонското Море

Руската воена морнарица во вторникот утрото по средноевропско време истрелала надзвучни противбродски проектили врз лажна цел во Јапонското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тандем ракетни чамци на руската Тихоокеанска флота (Пацифичка флота), уништил поморска цел во заливот на Петар Велики во Јапонското Море, во рамките на практичните маневри со боево гаѓања со хиперсонични противбродски крстосувачки ракети од типот „Москит“, според министерството.

Се прецизира дека целта, којашто се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри успешно била погодена со двете крстосувачки ракети од споменатиот тип.

Снимката што ја објави руското Министерство за одбрана покажува лансирање на проектилите од ударната група ракетни чамци во движење меѓу сантите мраз врз морски штит кој имитира непријателски борбен брод.