(ВИДЕО) Руските пранкери го насамарија и косовскиот премиер Харадинај, откако Заев им го даде неговиот број

Само неколку дена откако на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, во кои тој е убеден дека разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со сега поранешниот украински претседател Петро Порошенко, во јавноста испливаа и разговорите со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април годинава.

Во телефонски разговор објавен на YouTube, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.

 „Мислам дека по победата, јас ќе ја признаам Косово како независна држава“, рекол „Порошенко“.

Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на Македонија, кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.

Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие шегаџии, претходно тие муабетеле и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со поранешниот шеф на бртианската дипломатијаја Борис Џонсон, поранешпниот челник на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, американската дипломатка Ники Хејли, венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, како и со неколку американски гувернери и конгресмени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.