(ВИДЕО) Руските воени експерти пристигнаа во италијански Бергамо

Руските воени стручњаци пристигнаа ноќта во средата во Бергамо, каде што ќе помагаат во борбата против епидемијата од коронавирусот којашто го опустоши овој град во северна Италија.

„Конвојот со специјална опрема со воените стричњаци од Министерството за одбрана на Русија присигна на аеродромот Орио ал Серио во Бергамо, каде што ќе биде рспореден заедничкиот италијанско-руски штаб за борба со коронавирусната инфекција“, се наведува во соопштението на руската војска.

Бергамо, во регионот Ломбардија, е едно од жариштата на епидемијата на Covid-19 во Италија, каде што се регистрирани најголемиот број зарази и смртни исходи како последица од коронавирусот. Во средата во Ломбардија беа регистрирани 1.643 новозаразени, или вкупно 32.346 од почетокот на епидемијата, и 296 смртни исходи, или вкупно 4.178 починати. Во моментов хоспитализирани се околу 10.026 лица, од кои 1.236 на одделите за интензивна нега.

Рускиот воен конвој минал 600 километри, од италијанската воздухопловна база „Пратик де Маре“, 30 километри југозападно од италијанската престолнина Рим. Како дел од колоната во Бергамо пристигнал мобилен комплекс за анализа и дијагностика, мобилна опрема за дезинфекција со големи резерви од дезинфекциски средства, специјална опрема за помош на тешките пациенти заболени од Covid-19.

Во соопштението се додава дека по текот на целата траса рускиот конвој бил придружуван од возила на италијанските карабинери, односно специјалните полициски сили.

Во конвојот имало 22 возила со специјализирана опрема, како и автобуси со руските воени виролози и лекари, придружувани од возила и техничка поддршка обезбедена од италијанската страна. Се очекува по распределувањето на задачите, руските специјалисти веќе во четвртокот да започнат со мерките за помош во борбата против коронавирусот.

Руската помош за Италија доаѓа по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте од 21-ви март, кога Кремљ соопшти дека Москва изразила подготвеност да пружи помош со осум мобилни бригади на руски воени специјалисти и лекари, автбмобилски системи за дезинфекција со аеросоли на јавниот транспорт и јавните површини, како и медицинска опрема.

Од вечерта на 22-ти март до утрото на 25-ти март во Италија слетаа 15 авиони кои пренесоа опрема и 100 руски воени виролози и други медицински стручањаци од областа на епидемиологијата.