(ВИДЕО) Руското ФСБ спречило терористички напад

34

Припадниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и на Министерството за внатрешни работи спречиле терористички напад врз железничка пруга во западната руска република Татарстан, кој го подготвувале двајца осомничени членови на сунитската терористичка организација Исламска држава, пренесуваат во вторникот медиумите.

Двајцата приведен се осомничени и за врбување во терористичката структура и за терористичка пропаганда. Се прецизира дека уапсените се државјани на Русија, но во интерес на истрагата не се соопштуваат нивните идентитети. Кај осомничените биле откриени експлозивни супстанции и компоненти за правење импровизирани експлозивни средства, се додава во заедночкото соопштение на руските безбедносни агенции.

Според видео материјалот кое го објави ФСБ, двете лица биле уапсени во шумски предел кога се упатиле кон железничка линија. Од кадрите се гледа дека кај осомничените се најдени делови од експлозивна направа, а подоцна на нивните раце биле откриени траги од експлозив.

Првиот заменик на државниот обвинител Александр Буксман претходно во средата соопшти дека бројот на спречените терористички напади на територијата на цела Рисија и оти имало 17 вакви случаи од почетокот на годинава. Последната голема ваква операција е изведена на 26-ти јуни, кога безбедносните сили ликвидирале Русија, кој изјавил верност на Исламската држава, и палнирал напад на посетено место во градот Саратов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.