(ВИДЕО) САД со презир одговараат на новото руско оружје

© ТАСС

Вашингтон во четвртокот со презир одговори на „воинствените“ изјави на рускиот претседател Владимир Путин, кој претходно во своето обраќање посочи дека Русија развила нови современи видови оружје кои ги опиша како „непобедливи“.

„Тоа оружје веќе многу долго се развива“, изјави портпаролката на Пентагон, Дана Вајт.

„Не нѐ изненадува таа изјава и Американците може да бидат сигурни дека потполно сме подготвени“, рече Вајт прецизирајќи дека новата нуклеарна политика, којашто кон крајот на минатата година на најавија а во февруари ја објавија САД, „води сметка“ за тоа руско оружје.

„Целосно верувам во нашите способности за соочување со каков и да е напад. Подготвени сме“, додаде Вајт на прашањето за американските одбранбени можности до надзвучните нуклеарни проектили.

Претходно во четвртокот во своето годишно обраќање пред пратениците во двата дома на рускиот парламент, Путин најави дека Русија соочена со воените активности на САД развила ново најсовремено оружје, суперсонично и подморско и оти тоа ќе биде употребено во случај на напад врз земјата или нејзините сојузници.

Станува збор за руски одговор на сѐ пообемното присуство на војските на западнаа алијанса на границите на Русија, како и проектите за поставување противракетни штитови во источна Европа, Јужна Кореја и Јапонија, коишто Вашингтон ги објаснува со заканите од Иран и Северна Кореја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.