(ВИДЕО) Сакраменто за милиметри ја прекинаа серијата победи на Бостон

27

Кошаркарите на Сакраменто Кингс ноќта кон понеделникот ја прекинаа низата од десет последователни победи на Бостон Селтикс.

Бостон Селтикс по поразот на стартот од сезонава ги добија сите десет следни натпревари, а изминатата ноќ во Сакраменто беше прекината најдолгата серија без пораз во НБА Лигата.

Селтикс беа поразаени од Кингс со 99:100, но милиметри ги делеа од продолжување на серијата, бидејќи го имаа последниот напад, топката кружеше и на крајот дојде до Маркус Смарт кој по влезот низ средината на теренот уфли ткн „флотер“ а топката неколкупати отскокна од обрачот пред да се преврти од надворешната страна.

Најефикасен во Бостон беше Џелјен Браун со 18 коша, а Кингс ги предводеше Бади Хилд со 35 поени.

И покрај вториот пораз сезонава, Бостон сѐ уште го имаат најдобриот сооднос во Источната конференција, додека во целата лига подобри се само Лос Анџелес Лејкерс со 11-2, кои синоќа дома со 122:101 ја совладаа Атланта.

НБА резултати, 17.11.

 

Кливленд – Филаделфија 95:114
Сакраменто – Бостон 100:99
Орландо – Вашингтон 125:121
Мемфис – Денвер 114:131
Newу Орлеанс – Голден Стејт 108:100
ЛА Лејкерс – Атланта 122:101

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Бостон 10 2 .833 –
2. Торонто 8 4 .667 2
3. Филаделфија 8 5 .615 2 1/2
4. Бруклин 5 7 .417 5
5. Њујорк 10 .231 7 1/2

Централна дивизија

1. Милвоки 9 3 .750 –
2. Индијана 7 6 .538 2 1/2
3. Кливленд 4 8 .333 5
4. Чикаго 4 9 .308 5 1/2
5. Детроит 4 9 .308 5 1/2

Југоистовна дивизија

1. Мајами 9 3 .750 –
2. Орландо 6 7 .462 3 1/2
3. Шарлот 6 7 .462 3 1/2
4. Атланта 4 9 .308 5 1/2
5. Вашингтон 3 8 .273 5 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија
1. Денвер 9 3 .750 –
2. Јута 8 4 .667 1
3. Минесота 7 6 .538 2 1/2
4. Оклахома Сити 5 7 .417 4
5. Портланд 5 8 .385 4 1/2

Пацифичка дивизија

1. ЛА Лејкерс 11 2 .846 –
2. Феникс 7 4 .636 3
3. ЛА Клиперс 8 5 .615 3
4. Сакраменто 5 7 .417 5 1/2
5. Голден Стејт 2 12 .143 9 1/2

Југозападна дивизија
1. Хјустон 10 3 .769 –
2. Далас 7 5 .583 2 1/2
3. Мемфис 5 8 .385 5
4. Сан Антонио 5 8 .385 5
5. Њу Орлеанс 4 9 .308 6

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.