ВИДЕО| Санду подготвена „привремено“ на Украина да ѝ отстапи територија на Молдавија, тврдат руските пранкери

Претседателката на Молдавија, Маја Санди, која важи за пророманска и проеврпска политичарка, потврдила дека е подготвена да отстапи на неколку години дел од молдавската територија на Украина, во разговорот со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигал.

Блогерите Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, кои во минатото насамарија бројни светски политичари, меѓу кои и поранешниот македонски премиер Зоран Заев, како и славни личности, а од почетокот на украинската војна нивни „жртви“ беа поранешниот британски министер за одбрана Бен Валс кој во разговорот не ја одбил можноста Лондон да му помогне на Киев да развие нуклеарно оружје, а потоа и неговата тогашна колешка за внатрешни работи Прити Пател.

„Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за ова прашање со селото Ѓурѓулешти (село во Кахулскиот регион на Молдавија, кое граничи со Романија и со Украина – з.р.) и дадовме предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја разгледа територијата којашто сме подготвени да ви ја отстапиме, додека сѐ уште се обидуваме да ги решиме правните проблеми со пристаништето во целина. Но можеме да ви предложиме земјиште за користење следните неколку години“, рекла Санду во текот на лажниот разговор, се тврди во описот на снимката објавена на Telegram каналот.

Сепак, како што рекла во продолжение Санду, откако техничките стручњаци извршиле увид на спомнатиот терен, молдавските власти не добиле натамошни одговори.

„Поради тоа, ме интересира дали сѐ уште сте заинтересирани за овој предлог или веќе сте нашле други решенија“, вели гласот за кој се тврди дека е на молдавската челничка алудирајќи на ткн „украински периметар“.

Во тизерот на социјалните мрежи не се прецизира кога точно се случил разговорот со Санду, а администрацијата на молдавската претседателка реагираше дека станува за фалсификуван разговор.

„Претседателската администрација ја негира автентичноста на изјавите кои ѝ се припишуваат на претседателката Маја Санду во наводниот разговор со украинскиот премиер Денис Шмигал (…) Изјавите во оваа измама не се вистините, бидејќи тие се резултат на монтажа на звукот и сликата“, се наведува во реакцијата од Кипшинев.

Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да идеме подготвени за тоа“.

Истакнала и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија.