СДСМ негира дека има плтформа, ДУИ им ја прочита од собраниска говорница

Веќе трет ден трае конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Од ВМРО-ДПМНЕ, бараат пред да се премине на избор на претседател на Собранието, во јавност да се обелодени што точно вклучува Законот за јазици составен од СДСМ и ДУИ.

Бидејќи, доколку треба да се избере Талат Џафери за претседател на Собранието, треба јасно да се знае кој е пазарот што СДСМ го договорил со ДУИ, за да ги добие потписите и да го предложат Џафери за претседател на Собранието.

И додека СДСМ го игнорираат ова барање на ВМРО-ДПМНЕ и постојано, и на говориница негираат дека постои т.н. Тиранска платформа, туку дека има само владина програма за новата „реформска“ влада, денеска, пратеникот од ДУИ, Ејуп Аљими, непријатно ги изненади, па во Собранието, од говорницата, јавно и јасно потврди дека платформа постои, и уште еднаш пред сите пратеници ја прочита во целост нејзината содржина.

На тоа се надоврза и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој истакна дека заедничкта декларација на албанските политички партии е нова реалност во Македонија, бидејќи и по 16 години од потпишувањето на Охридскиот договор, тој во целост не е испочитуван. Особено потенцира дека треба да се отвори прашањето за геноцидот на албанското население на овие простои и за геноцидните тенденции врз Албанците кои секојдневно се споменувале.

Од СДСМ, пак, повторно истата реторика, прво да им се даде мандат, па потоа ќе зборувваат за тоа што содржи новиот Закон за јазици.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако од ДУИ уште еднаш потврдија дека албанската платформа постои, истакна дека јавноста не може повеќе да се манипулира.

Ако заев лаже дека не постои платфорна, Алими, не лаже. Ако Шекеринска лаже дека нема резолуција за геноцид врз Албанците, Алими не лаже. Ако Заев лаже дека не е разговарано за менување н Устав, редефинирање, кантонизација, Села не лаже. Граѓаните веќе знаат дека постои некој кој е заглавен во криминал и прифатил платформа за да се извлече себе си. СДСМ пре избори зборуваше за евтина струја, сега за скапа платформа. Кои се тие барања и зошто СДСМ ги негираат? Дали треба да глумат луѓе со понизок капацитет и интелигенција? Проблемот не е кај народот, туку кај ониекој на подмолен и нетранспарентен начин постизборно прифатија платформа за која не гласаа граѓаните, истакна Милошоски.