(ВИДЕО) СДСМ со телефонски разговори и лажни пораки ги тера граѓаните да гласаат на референдумот

Притисоци од СДСМ до гласачите да гласаат на референдумот. ВМРО-ДПМНЕ објави телефонски разговор и СМС порака од насоките кои до граѓаните пристигнуваат до граѓаните.

Во телефонскиот разговор женски глас кој се претставува како лице кое се јавува од главниот штаб на СДСМ, потсетува граѓанин доколку не излегол на гласање, да излезе, на што тој прашува што добил тој од партијата.

Претходно во неделата неколку граѓани до редакцијата на Лидер доставија фотографии од СМС пораки на кои, наводно, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува да излезат на референдум.

За Лидер, од партијата велат дека овие пораки не се праќаат од нивните штабови, туку се работи за манипулација од страна на власта со која таа сака да се спаси од катастрофалната излезност која до сега ја има на референдумот.

Во прилог фотографија од лажните пораки:

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=9PoKQlZ4KO8